
Месните заедници од Драмче, Селник, Очипала и Вртиславци се здружија and во заедничка акција го чистеа патниот правец Очипала – Драмче – Вртиславци – Селник.
Акцијата беше масовно поддржана од жителите, бидејќи пред нив беше предизвикот да се исчисти локалниот пат кој цели две децении беше оставен на негрижа и запоставување и создаваше реални проблеми на жителите од селата.
За градоначалникот Гоцевски оваа акција е вистински пример за заедништво, грижа и љубов кон својата околина – пример што треба да се пофали, но и да се следи.
–Нивниот пример е во насока на тоа како да придонесеме сите за почиста, поубава и поуредена средина, но и на дело се покажа значењето на месните заедници како активно тело од жителите и иницијатор за решавање приоритетни потреби на жителите, порача Гоцевски.
Тој најави дека преку новiot проект „Недела на селата“, are отпочнава и со активности за пробивање на неколку селски патишта во село Полето. Со оваа иницијатива директно are одговара на потребите на жителите и на земјоделците и се овозможува подобар пристап до домовите и нивите, полесна работа и подобри услови за живот во руралните средини.
–Инвестициите во селата се инвестиции во иднината – затоа што силното село значи силна општина и силна држава. Продолжуваме посветено да работиме на развојот на секое населено место и да создаваме подобри услови за сите граѓани, порача Гоцевски.



