Се зајакнува улогата на советите во општините

  • News

Presidentот на Советот на Општина Делчево, Николчо Стојменовски денеска  учествуваше на работнiot состанок на претседателите на советите на единиците на локалната самоуправа во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“.

На состанокот беа разменети искуства и добри практики, а посебен акцент беше ставен на потребата советите да се подготват за тековните процеси на децентрализација и да ја зајакнат својата улога во локалното управување.

Како претставник на Општина Делчево, ги споделив искуствата и практиките од работата на Советот, нагласувајќи ја важноста на конструктивната соработка меѓу локалната власт, администрацијата и граѓаните за создавање подобри услови за развој на општините. Ваквите средби придонесуваат за поефикасна и потранспарентна локална самоуправа, нагласи Стојменовски.

Проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, е финансиран од Швајцарската амбасада и од Министерството за локална самоуправа, а го спроведува и кофинансира Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP), се објавува вториот Јавен повик за изразување интерес на општините за учество во проектот.

Други партнери во спроведувањето на проектот се Министерството за финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), Здружението на финансиски работници (ЗФР), UN Women, NALAS, организации од граѓанскиот сектор, како и единиците на локална самоуправа во Северна Македонија.

Главната цел на проектот е унапредување на поддршката за развојот на локалните самоуправи, првенствено преку зајакнување на општински совети кои ќе бидат во можност ефективно да ги исполнат нивните доделени улоги на претставување, надзор и донесување општински одлуки со активно вклучување на граѓаните.

Времетраењето на проектот од 2022 до 2027 година, a вкупно 40 општини are директно вклучени во негова реализација.

Shares