С О О П Ш Т Е Н И Е 12.07.2023

Се известуваат сите физички и правни лица на територијата на Општина Делчево дека во тек е дистрибуција на решенијата за данок на имот за 2023 година, како и решенија за комунална такса за истакнат назив на фирма (фирмарина) за 2023 година.

Граѓаните и правните субјекти кои сè уште ги немаат добиено решенијата, можат да ги добијат во просториите на Општина Делчево, во Општинскиот центар за услуги, каде што можат да извршат и плаќање на данокот на имот и фирмарината на постерминалите во Општината.

Shares