Врз основа на член 23 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/2005; 106/2008; 161/2008; 114/2009; 130/2009; 149/2009; 50/2010; 52/2010; 124/2010; 47/2011; 11/2012; 39/2012; 13/2013; 25/2013; 170/2013; 187/2013; 113/2014; 20/2015; 33/2015; 72/2015; 129/2015 , 27/2016, 120/2018) и „Сл.весник на РСМ„ бр.110/2019 , 267/2020, 151/2021 , 288/2021, 111/2023) , член 20 г од Законот за вработените во јавниот сектор („Сл.весник на РМ„ 27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018 и 198/2018 и „Сл.весник на РСМ„ бр.143/2019 , 14/2020, 215/2021 и 99/2022) , член 11 од Законот за пожарникарство-пречистен текст („Сл.весник на РМ„ 168/2017) и член 2 од Правилникот за задолжителни елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и на пријавата за вработување, како и формата , содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавниот сектор („Сл. весник на РМ„ бр.34/2015) , Градоначалникот на Општина Делчево објавува
Ј А В Е Н О Г Л А С бр. 2/2025
за пополнување на работни места во ТППЕ Делчево
Општина Делчево има потреба од пополнување на 2 (две) работни места во ТППЕ Делчево и тоа:
- Командир на ТППЕ Делчево, шифра ПОЖ02010А04000, 1 извршител и
- Командир на Одделение во ТППЕ Делчево, шифра ПОЖ0210Б04000, 1 извршител
Општи услови за двете работни места:
- да е државјанин на Република Македонија;
- активно да го користи македонскиот јазик;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност,
- активно да го користи македонскиот јазик
Општи работни компетенции за работните места под реден бр.1 и 2:
-решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон засегнати страни и раководење .(проверка на општите и посебните работни компетенции ќе биде извршена во фазата на интервју)
Special conditions за работно место бр.1
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен – високо образование
- возачка дозвола за Ц категорија
- работно искуство од најмалку пет години во струката евидентирано во Агенциjaта за вработување на РСМ како работен стаж
Special conditions за работно место бр.2
- ниво на квалификациите квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо , средно гимназиско или средно стручно образование или високо образование
- возачка дозвола за Ц категорија
- работно искуство од најмалку три години во струката евидентирано во Агенциjaта за вработување на РСМ како работен стаж
Распоред на работно време:
- Работни деновиза работно место бр.1: понеделник-петок
- Работни деновиза работно место бр.2: понеделник-недела
- Работни часови неделно 40
- Работно време за работно место бр.1: од 7.30 до 15.30 часот
- Работно време за работно место бр.2: работа во смени I смена(дневна смена) од 7-19 часот и II смена (ноќна смена) од 19-7 часот.
Паричен нето износ на плата за работно мест бр 1: 34.128 denars
Паричен нето износ на плата за работно мест бр 2: 32.013 denars
- Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во рок од 5 работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневен печат не сметајќи го денот на објавувањето.
Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во хартиена форма на адреса : Општина Делчево, ул. „Светозар Марковиќ“ бр.1 Делчево, со назнака „За оглас за вработување бр.2/2025, секој работен ден од 7.30-15.30 часот .
Пријавата за вработување може да се подигне од архива на Општина Делчево или да се превземе од интернет страната на Општина Делчево: www.delcevo.gov.mk
Пријавата за вработување треба да содржи: -податоци за кандидатот (име и презиме, матичен број, датум и место на раѓање, адреса и место на живеење, електронска адреса на кандидатот, контакт телефон, припадност на заедница);
– кратко мотивациско писмо;
– кратка биографија;
– изјава за исполнување на општите услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно; изјава за исполнување на посебните услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;
– изјава за користење на лични податоци;
– изјава за веродостојност на податоците.
- Доставување на документација
-Кандидатите кон Пријавата треба да ја достават следнава потребна документација:
– Биографија –CV
-Уверение за Државјанство на РМ (оригинал или заверено на нотар).
– Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),
– Извод од историјатот на вработување од Центарот за вработување, како доказ за работното искуство (оригинал или заверен на нотар),
– Уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност (оригинал),
– Лекарско уверение како доказ дека има општа здравствена способност за работното место за кое се пријавува (оригинал),
– возачка дозвола за положен возачки испит Ц категорија (за работно место бр.1 и 2)
– положен стручен испит за раководител на акција за гасење пожар и спасување на луѓе и имот, (во рок од 3 месеци од распоредувањето на работното место, за работно место под реден бр.1 и 2)
- Постапка за селекција
Постапката за селекција ќе биде спроведена во следните фази: проверка на комплетност на пријавата и доказите , проверка на веродостојност на доказите и интервју;
Градоначалникот со решение формира Комисија за селекција, која во рок од осум дена од истекот на рокот за пријавување на огласот врши проверка дали кандидатите ги доставиле задолжителните докази за исполнување на условите од огласот.
Доколку при проверката се утврди дека недостасува некој од доказите, комисијата е должна да побара од кандидатот во рок од три дена да ги комплетира доказите .
По комплетирањето на доказите, комисијата за селекција врши проверка на веродостојноста на доказите .
По проверката на веродостојност на доказите, се закажува и врши интервју.
Селекцијата на кандидатите се врши врз основа на јасни и транспарентни критериуми, пропишани од градоначалникот на единицата на локалната самоуправа.
По спроведената постапка на селекција, за работното место од јавниот оглас се прави ранг-листа на кандидати кои успешно ги поминале сите фази на селекција.
Комисијата за селекција, ранг листата на кандидати му ја доставува на Градоначалникот, кој врши избор во рок од 15 дена од денот на доставување на ранг листата.
- Одлуката за избор ќе биде донесена во рок согласно член 23 од Законот за работни односи
ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Mayor
Иван Гоцевски



