New park bins and containers for waste selection

  • News

Парковски канти за отпадоци и контејнери за селекција на отпад денеска се дистрибуирани до Општина Делчево како дел од проектот кој го реализира ЛАГ Малеш- Пијанец, а со поддршка на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој. Делчево доби 32 парковски канти, 6 контејнери за селекција на отпад и опрема за видео надзор на 2 локации за контрола и зачувување на убаната опрема.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, истакна дека парковските канти ќе се постават на јавните површини и паркови во централното градско подрачје, а контејнерите за селекција на отпад ќе се постават во училишните дворови со цел децата од најмала возраст да се учат да го селектираат отпадот, а со тоа да дадат свој придонес во зачувување на животната средина. Тој додаде дека двата система за видеонадзор ќе бидат поставени на локации, каде изминатов период имало  најголемо оштетување на урбаната опрема и кражби, а системот треба да придонесе за полесно откривање на сторителите.

ЈКП „Брегалница“ ќе ги постави парковските канти наредната недела, а контејнерите со кои се воведува почетна селекција на отпадот од стакло, хартија и пластика, се веќе дистрибуирани до двете основни училишта во градот. Средствата кои ЛАГ-от ги доби од ресорното Министерство се во висина од 880.000 денари.

Претходниот период, за подобрување на состојбата со управување на отпадот, Општина Делчево набави 23 контејнери вредни 371.000 денари. Контејнерите се со волумен 1,1 м3, номинална носивост 430 кг., а се поставија на локации каде досега биле поставени стари и оштетени контејнери или ги немало, а се очекува новите садови за отпад да придонесат за подобар квалитет на услугите за собирање на комуналниот отпад.

Shares