Поставен и вториот пункт за дезинфекција на возилата кои влегуваат во Делчево

  • News

Денеска во функција е пуштена  и втората инсталацијата за дезинфекција на возилата која е поставена на влезот во Делчево, на булевар „Македонија“, кај објектот на Графопак.

Следната недела ќе бидат поставени и пунктови за дезинфекција на Граничниот премин Делчево, како и на можна локација кај село Тработивиште, а претходно ваква инсталација беше поставена и на магистралниот пат кај објектот на ЈП Македонија пат. Поставувањето на овие пунктови е во согласност со заклучоците на ОКШ.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски уште еднаш им изрази благодарност на сите кои овозможија да бидат поставени овие пунктови и помогнаа да се реализира оваа идеја.

Shares