Delchevo and Razlovci marked 144 years since the Razlovech Uprising

  • News

Со пригодна свеченост денеска Делчево и селото Разловци одбележаа 144 години од Разловечкото востание, прво вооружено востание со кое отпочнува бурниот Предилинденски период за слободна и самостојна држава.

Настанот, традиционално, беше организиран во дворот на црквата „Св. цар Константин и царица Елена“ во селото Разловци, но со почитување на мерките и препораките за заштита од ковид 19.

 Програмата започна со пригоден реферат посветен на историските моменти и значењето на Востанието подготвен од членовите на КУД „Гоце Делчев“, додека делегација од Општина Делчево, предводена од градоначалникот Горан Трајковски, претставници од Советот на Општина Делчево, политички партии, здруженија на граѓани, положија свежо цвеќе и се поклонија на спомен-обележјето на поп Стојан, еден од организаторите на Востанието, а поставено на влезот на црквата „Св.цар Константин и царица Елена“ во селото Разловци.

Градоначалникот Трајковски по повод годишнината од Востанието истакна дека  Разловечкото востание и покрај неговото брзо пропаѓање, е од особено значење за историјата на македонскиот народ.

-Тоа е првото вооружено Востание кое го испишува Предилинденскиот период, самостојно организирано, материјално поддржано и реализирано од македонската световна и духовна интелигенција, со масовно учество на селанството. Секоја година достоинствено се сеќаваме на храброста на разловечките востаници кои во еден несомнено тежок период од македонската историја, јасно кажаа НЕ, на теророт, неправдата испраќајќи порака за слободно Разловци без терор и понижување, Разловци во слободна македонска држава, истакна Трајковски.

Тој потсети дека востаничкото Разловци се наоѓа високо на агендата што значи решавање на низа отворени прашања кои со децении не се решавани.

-Сакам да потсетам дека изградивме улица во должина од 150 метри со која се реши голем проблем за жителите кои живеат на овој дел од селото, што е за прв пат по многу години овде да има реализација на таков инфраструктурен проект, а планираме изградба на уште една улица во ова село. Со цел да го решиме проблемот со дивите депонии, за прв пат од постоењето на селото – обезбедивме контејнери за отпад и се организира редовно собирање на отпадот. Решивме децениски проблем со водата за пиење во селото. Во соработка со ЈКП „Брегалница“’ изградивме нова дренажа со којa се зафатија водите од река Ракитина во Разловци, санирана е и собирната шахта, а е извршено  и чистење и хипохлорирање на резервоарот Исто така, очекувам оваа година, да се стави кровот на Спомен-домот Разловечко востание, за што Министерството за култура издвои 500.000 денари. Како што ветив на разловчани, изградбата на стариот пат Делчево-Тработивиште со која Разловци добива уште една коминикација со Делчево, е реалност. Обезбедени се средства се очекува Министерството за тарнспорт и врски да го распише тендерот за изградба. Сакам да потенцирам дека сме максимално вложени во подобрување на условите за квалитет на животот и немаме двојба кога е во прашање патот по кој ќе се движеме, истакна Трајковски.

Поради вонредната состојба е одложена традиционалната културно-уметничка програма, планинарскиот марш и ликовната колонија.

Shares