OKSH meeting: Delchevo city market open for other products

  • News

Од оваа сабота, 30 мај, градскиот пазар во Делчево освен за прехранбените ќе биде отворен за работа и продажба на други производи (пластика, текстил и други производи) со строга примена на мерките за заштита од заразата ковид-19, односно задолжително носење маски, држење растојание од два метри и забрана за групирање. ТППЕ Делчево ќе врши дезинфекција на просторот и тезгите пред почетокот на пазарниот ден и по неговото завршување, а ќе функционира и редарска комунална служба и ќе има засилена полициска контрола.

Ова е заклучокот од денешниот состанок на Општинскиот кризен штаб во Делчево на кој претставници од надлежните институции ја разгледуваа состојбата со Ковид-19 во Делчево и мерките кои се преземаат за превенција од заразата.

Инаку, согласно заклучокот на Регионалниот кризен штаб од 18.03.2020 година градскиот пазар беше затворен за работа.

Shares