Вечерва дезинфекција на улиците и пристапите до гласачките места

  • News

Екипи на ТППЕ Делчево вечерва ќе вршат дезинфекција на улиците, тротоарите и пристапите до избирачките места. Оваа активност ќе започне од 19 ч. , а е во рамките на мерките кои ги презема Општина Делчево за спречување на појавата и ширењето на коронавирусот на територијата на Општината.

Согласно со последните информации од Центарот за јавно здравје во Делчево нема позитивни случаи на вирусот.

Во насока на сочувување на мирната епидемиолошка слика, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, апелира до сите учесници во изборниот процес и до сите граѓани на денот на гласањето да ги почитуваат препораките од Комисијата за заразани болести, Министерството за здравство и Владата, односно да носат заштитни маски, да вршат дезинфекција на рацете и да не се групираат.

По завршување на изборниот ден, екипи на ТППЕ Делчево ќе извршат повторна дезинфекција на сите објекти во кои се вршело гласање.

Shares