Delchevo marks both Ilindens

  • News

Со пригодна свеченост, Општина Делчево денеска ги одбележа двата Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ.

Одбележувањето се одвиваше пред спомен- обележјата во градот кои го чуваат споменот на револуционерната борба од Илинденскиот период, како и од НОВ. Пред споменикот на великанот Гоце Делчев, преку рефератот подготвен од играорците од КУД„Гоце Делчев“ од Делчево беше потенцирано значењето и улогата на Илинденското востание во 1903 година во развојот на револуционерната мисла и борбата и аманетот на храбрите илинденци.

Пред споменикот на великанот Делчев, свежо цвеќе положија делегација на Општина Делчево, претставници на Советот на Општина Делчево, претставници од политички партии, јавни институции, здруженија на граѓани. Чествувањето продолжи пред споменикот на паднатите борци, каде за значењето и улогата на Првото заседание на АСНОМ, пригоден реферат прочитаа членови на КУД „Гоце Делчев“, по што делегациите се поклонија и положија свежо цвеќе.

0Shares
0