Delchevo is preparing an LED Strategy for the period 2021-2025

  • News

Областите инфраструктура и животна средина, туризам и култура,образование и спорт, здравствена и социјална заштита, како и јакнење на капацитетите на општинската администрација се областите на кои ќе се заснова новата Стратегија за ЛЕР на Општина Делчево за периодот 2021-2025 г, а која Општина Делчево ја работи во партнерство со Регионалниот центар за застапување од Делчево.

On денешната работилница на која партиципираа претставници од Општината, од институции од областа на културата, како и од граѓанскиот сектор и бизнис-заедницата, се дефинираа областите во кои ќе се интензивираат активностите во наредниот период.

 Како што информираше Родне Деолска од Регионалниот центар за застапување, изминатиот период are работеше на прибирање информации за општината, за да се формира базата на документот со сите најнови информации.

 Со изработкаth на стратегијаth за локален економски развој за Општина Делчево ќе се креираат мерки и активности за подобрување на локалниот економски развој базирани врз консензус на локалната власт, граѓанските здруженија и сите заинтересирани страни. Целта на денешната работилница е присутните да  ги кажат своите предлози, кои ќе бидат дел од овој стратешки документ кој е важен за секоја општина, рече Деолска.

Во стратешкиот документ преку партиципативен пристап се одредуваат прироритетните области со визијата и мисијата на општината.

– Документот е еден вид устав за општините кој ќе ги содржи сите активности кои ќе ги реализира општината. Исто така, предвидена е компонента за јакнење на капацитетите на општинската администрација која ќе се обучува за трендовите на Европската Унија во делот на апроксимација на домашното законодавство, рече Стоименовски.

Проектот започна со реализација во месец март 2020 година и е со времетрање до крајот на оваа година. Вкупниот буџет е обезбеден од Буџетот на Општина Делчево преку Јавниот повик for финансирање граѓански организации.

Во наредниот период, ќе биде изработена драфт верзија на документот кој ќе биде ставен на јавна расправа, по што ќе следува усвојување на документот од Советот на Општина Делчево.

0Shares
0
Font size
Contrast