Mayor Trajkovski: Teaching in Delchevo takes place without problems

  • News

Dear citizens,

Учебната 2020/2021 протекува во доста специфични услови и се одвива по протоколи кои значат безбеден воспитно образовен процес. Првите школски денови покажаа дека наставата во Делчево се одвива без проблеми и одговорните во училиштата и ние како Општина, вложуваме максимални напори наставниот процес и понатаму да се одвива непречено и, воедно, сите проблеми кои ќе се појават во техничка смисла, да ги решаваме во од.

Сакам да истакнам дека изминатиот период во соработка со НВО- сектор, во училиштата се дистрибуирани 50 таблети кои се поделени на ученици кои живеат во социјален ризик, а наредниве денови ќе бидат поделени уште 30 , дел преку проектот кој го реализира Невладина прганизација од Делчево со финансиска поддршка од Владата и дел преку Општината и училиштата со што ценам дека комплетно ќе го решиме и овој проблем. Училиштата навреме определија провајдери за да добиваат интарнет- услуги кои значат непречен процес на далечинското учење.

Во врска со учениците кои следат настава со физичко присуство,сакам да истакнам дека се почитуваат сите протоколи, а Општина Делчево заедно со образовните институции недвојбено се фокусирани да се обезбеди безбеден по здравјето образовен процес и за сите ученици и за сите наставници.

Во овој период треба да сме сите одговорни, дисциплинирани, да ги почитуваме препораките и да вложуваме напори, сите заедно да го направиме овој процес успешен, бидејќи образованието е важно и за него нема алтернатива, тоа е најсилната алка која ги држи младите на правиот пат и ја трасира нивната иднина.

Колку побрзо ја прифатиме новата нормалност во која живееме и работиме и колку искрено сите се вложуваме во образовниот процес, било да се одвива онлајн или со физичко присуство, толку побрзо ќе стигнеме до резултатите.

Воедно, на просветните работници сакам да им го честитам Меѓународниот ден на учителот 5 Октомври. Овој 5 Октомври е посебен, а тековната учебна година е вистински предизвик на секој просветен работник.

Почитувани колеги, наставници, професори, вашата благородна и хумана дејност, вашата професија која оплеменува и им ги отвора вратите во животот на учениците, е незаменлива. Вложете се во процесот максимално и резултатите ќе бидат видливи.

Shares