The old kindergarten in the function of taking care of the children

  • News

Денеска старата градинка во Делчево ги отвори вратите за 60 дечиња згрижени  во детската градинка „Весели цветови“ кои се распределени во три возрасни групи. Со ставањето во функција на овие простории во насока на згрижување на децата од најмала возраст, ќе се намали листата на чекање за прием на дечињата во градинката, а ќе се овозможи и прием на сите дечиња со двајца вработени родители согласно со протоколот за работа на градинките во време на ковид-19.

Градоначалникот Горан Трајковски денеска ја посети градинката и истакна дека се вложуваат максимални напори за поголем опфат на децата од претшколска возраст.

– Ставањето во функција на овој објект во насока на згрижување на дечиња од претшколска возраст ќе овозможи во услови на пандемија да имаме поголем опфат на дечиња и со строго почитување на протоколите и од вработените и од родителите, ќе се овозможи безбеден престој на дечињата и реализација на воспотино-образовната програма во претшколска возраст. Во изминатите години овие простории ги користеше ООУ „Св.Климент Огридски“ и заради потребите на градинката и згрижувањето на повеќе дечиња во услови на ковид, тие се преотстапени на детската градинка со што ќе им се овозможи директно и на родителите да одат на работа, а фирмите да немаат отсуства на своите вработени поради таа причина, рече Трајковски.

Изминатиот период интензивно се работеше за преадаптација на просториите и нивното ставање во функција на згрижување дечиња од предшколска возраст.

– Со години наназад листата на чекање се зголемуваше и сега изнесува 119 дечиња. Сакам да изразам благодарност до градоначалникот и до сите оние кои вложија напори овие простории да се вратат на градинката и да излеземе пресрет на родителите и да направиме поголем опфат на децата од претшколска возраст и во урбаните и во руралните средини што е и насока и стратегија од МТСП, рече  директорката Билјана Симовска.   

Во насока на зголемување на опфатот на деца од претшколска возраст, Општина Делчево и МТСП инвестираат во отворање градинка во с. Разловци, каде деновиве се очекува да започнат и градежните работи за преадаптација на простории во подрачното училиште за опфат на 20 дечиња од ова село, а во тек е и тендерската постапка за изработка на основна проектна документација за изградба на градинка во населбата Расадник во Делчево.

Shares