There is no spread of the virus in kindergarten - the results of the employees are negative

  • News

Негативни на ковид се резултатите на тестираните негователки и вработени во кујната во детската градинка „Весели цветови“ во Делчево. Вонредното тестирање на вработените беше иницирано од појавата на првите случаи позитивни на коронавирус кај тројца вработени, двајца кувари и една негователка.

Како што истакна директорката на ОЈУДГ „Весели цветови“, Билјана Симовска, тројцаand вработени веднаш се изолирани, а изворот на заразата е надвор од градинката.

-Веднаш се изолирани вработените и се преземени сите мерки за спречување на ширење на заразата. Позитивните случаи не доаѓаат од внатре. Во меѓувреме, излегоа наодите и на останатиот персонал којшто беше тестиран, и тие се негативни. Сега за сега имаме еден готвач, еден помошник готвач, една негувателка и група од 12 дечиња, кои се изолирани, рече Симовска.

Симовска додаде дека работата на градинката продолжува, согласно with сите протоколи кои ги налага ваквата ситуација.

-Во време на светска пандемија, предизвикот да раководиш со ваква установа е, навистина, преголем and сакам да упатам јавна благодарност до сите мои вработени, до сите родители и до сите кои се вклучени во движењето на овој систем од предучилишно воспитание и образование. Никој не знае дали го носи вирусот и дали може да добие нешто од тоа, меѓутоа, потребно е да бидеме сите одговорни , додаде Симовска.

Освен протоколите од Министерството за труд и социјална политика и Комисијата за заразни болести, во насока на поголема заштита од вирусот, градинката има изготвено и посебни протоколи, со цел спречување на ширење на заразата од Ковид-19 и безбеден престој на децата во градинката.

Shares