Дистрибуирана донацијата од лаптопи до основните училишта во Делчево

  • News

Лаптопите донирани од Организацијата „Македонија 2025“ беа дострибуирани до основните училишта во Делчево. Донацијата која се состои од 6 лаптопи од кои 5 лаптопи за ООУ „Ванчо Прке“, а 1 за ООУ „Св.Климент Охридски“, е наменета за ученици кои немаат можност да следат онлајн настава.

Градоначалникот Трајковски потенцираше дека донацијата ќе помогне на ученици од социјално загрозени семејства да следат онлајн настава.

-Станува збор за донација од 6 (шест) Тесла лаптопи, во вкупен износ од 80.000 ден. Примените лаптопи ќе се распределат на ученици од двете основни училишта кои немаат уреди за следење настава врз основа на подготвената листа на искажани потреби на Министерството за образование и наука на РСМ, истакна Трајковски.

Инаку, Организацијата „Македонија 2025“ во координација со МОН обезбеди вкупно 32 лаптопа за ученици кои немаат компјутер за следење онлајн настава за 4 општини низ Македонија. Освен Делчево, донација добија и Берово, Пехчево и Битола, односно вкупно 6 училишта во државава. Средствата за купување на опремата во износ од 12.000 канадски долари беа собрани преку интернет- кампањата за донации „No child left offline”, од индивидуални донатори со македонско потекло од повеќе земји.

„Македонија 2025“ е неполитичка организација со примарен фокус на економски и лидерски развој, која соработува со бизнис- секторот, Владата и академијата, со цел генерирање можности и градење капацитети за економски раст, на тој начин помагајќи во градењето на посилна нација.

Shares