Делчевските средношколци најдобри оратори на Балканот

  • News

ММБрицо

Средношколецот Давид Михаиловски, ученик во 2 година во СОУ „М.М.Брицо“, е победник на интернационалниот натпревар по ораторство, додека Андреа Толевска ученичка во 1 година во делчевската гимназија, го освои 6-то место во конкуренција од 120  средношколци од Балканот.

Balkan Voices International Tournament e меѓународен натпревар во ораторство на кој учествуваат средношколци од Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија и Бугарија, а се одржува на Американскиот универзитет во Благоевград, Бугарија  и им дава на учениците можност да се сретнат со врсници од соседните земји да негуваат важни меѓукултурни односи. Натпреварот во ораторство, Balkan Voices претставува одлична можност учениците  да ги подобруваат вештините за јавно говорење, аргументирано и структурирано изразување и негување на стилската инвентивност.

Оваа година поради пандемијата натпреварот беше одржан онлајн и без физичко присуство, а претставници на делчевската гимназија беа: Андреа Толевска, Магдалена Георгиевска, Елена Ангеловска, Даниел Костадиновски, Давид Михаиловски, Антониј Цонев и Давид Поповски под менторство на проф. Желеанка Демирова. Натпреварот бил одржан во 3 рунди, полуфинале и финале, а нашите претставници успеале да освојат четири од вкупнo дванаесет места, додека, again, како финалисти, учениците од нашата гимназија освоија  две од вкупно шест места.

Shares