Се асфалтираа улици во с. Град

Се асфалтираат улиците, крак 2 и крак 3, во селото Град со вкупна должина од над 400 метри. На завршните работи од изградбата на улиците, увид во работите изврши градоначалникот Горан Трајковски кој истакна дека финансиските средства за реализација на овој проект се обезбедени од општинскиот Буџет, но и дека интензивно се работи на подобрување на квалитетот на животот во населените места во Делчево.

-Работиме за подобрување на квалитетот на животот на сите жители на нашата Општина, со оваа инвестиција се решава децениски проблем во село Град, така што жителите повеќе нема да газат кал или да живеат во прашина. Моите заложби се да ги решаваме приоритетите на жителите во секое населено место, истакна градоначалникот Трајковски.

Трајковски потенцираше дека капиталните проекти продолжуваат со забрзана динамика, влогот во развој и унапредување на инфраструктурата е влог во услови за подобар живот во секое наше населено место и во оваа насока продолжуваме.

-Со подобрување на временските услови започнуваме со реализација и на нови инфраструктурни проекти во Делчево и во останатите селски средини и во градот Делчево. За таа цел наскоро ќе започне реализацијата на тендерот за изградба на општински улици, пристапни патеки и тротоари во вредност од околу 9 милиони денари и очекувам наредниот период да се реализираат значаен дел од инфрсструктурните проекти за кои веќе имаме изработено основни проекти. Градежната сезона и во време на пандемија продолжува со засилен интензитет. Капиталните инвестиции, вложувањата во инфраструктурни проекти на локално ниво, како предуслов за подобрување на условите за живот на нашите граѓани, но и за развојот на нашата општина. Остануваат приоритет за мене како градоначалник и овој проект е потврда затоа, рече Трајковски.

 

0Shares
0
Font size
Contrast