Започна реализацијата на проектот за изградба на општински улици; Се гради улица во с. Вирче

Започнаа градежните работи за изградба на улица со два крака во должина од 260 метри во селото Вирче. Денеска увид на почетокот на работите изврши градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски кој истакна дека со изградбата на оваа улица се одговара на децениското барање на жителите од селото Вирче.

 Изградбата на оваа улица е децениско барање на жителите од овој дел на селото, бидејќи тука се лоцирани повеќе семејни куќи и други објекти, а жителите немаа соодветен пристап до нив. Со изградбата на улицата, се надминуваат тие проблеми и ова е уште еден доказ дека како одговорна локална власт водиме грижа за сите наши жители и од урбаните, но и од руралните средини, рече Трајковски.

Трајковски денеска го најави и почетокот на реализацијата на пакетот инфраструктурни проекти вреден 9 милиони денари, средства одвоени од општинскиот Буџет, но и дополнителни средства од други фондови, кој ќе опфати изградба на улици во градот и во селата во должина од над 2,5 км.

–          Ќе се гради улица во с. Стамер, Разловци, Ѕвегор, доградба на улица „Плачковица“ во должина од 200 м, изградба на три крака од улица „Голем Рид“ во должина од 250 м, ул. „Голачка“ во должина од 200 м, а ќе се гради и потпорен ѕид на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“, ул. „Грозданец“, крак на ул. „Орце Николов“, „Видое Смилевски –Бато“ , крак на ул. „Илинденска“, крак на ул. „Кеј на Брегалница“и др. Капиталните инвестиции, вложувањата во инфраструктурни проекти на локално ниво, како предуслов за подобрување на условите за живот на нашите граѓани, но и за развојот на нашата општина,  остануваат приоритет за мене како градоначалник и овој проект е потврда затоа, said Trajkovski.

0Shares
0
Font size
Contrast