Одржана 55 Седница на Советот на Општина Делчево

На денешната Седница на Советот на Општина Делчево беше усвоен Кварталниот Извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево  за период од 01.01. 2021 до 30.06.2021. Според Извештајот, извршувањето на Буџетот на Oпштина Делчево за вториот квартал from 2021 година изнесува 45%, односно од вкупно планираните приходи од 328.158.656 ден., за вториот  квартал се реализирани  146.758.253 денари. Од нив, во Основниот буџет, од планирани вкупно тековнооперативни и капитални приходи во износ од 117.293.456 денари, се реализирани 56.246.068 ден. или 48%.

Даночните приходи се наплатени во износ од 18.792.959 ден. од вкупно планирани 39.025.000 ден. или 48%, наплатата од даноци на имот е во  износ од 7.591.887, или 52% во однос на планираните,  даноци од специфични услуги наплатени се во износ од 9.156.377  денари или 44% во однос на планираните и такси за користење или дозволи за вршење на дејност се наплатени во износ од 890.203 денари. Неданочните приходи се планирани во износ од  2.015.000 ден. и тоа се приходи од административни такси и надоместоци, и се наплатени во износ од 610.677 денари или 30%. Капиталните приходи се наплатени во износ од 1.197.102 ден. од вкупно планирани 4.905.000 ден.или 24% . Капиталните расходи се реализирани во износ од 30.093.001 денари од планираните 62.585.456 или 48%.

Пред советниците беше на усвојување и 6-месечниот извештај за финансиското работење на ЈКП „Брегалница“ согласно кој во првите 6 месеци од 2021 година, ЈКП „Брегалница“ остварила позитивен финансиски резултат од 558.928 денари. Односно, вкупно остварените приходи на претпријатието за периодот од 1.1 2021 год до 30.06.2021 изнесуваат 22.531.072, а вкупните расходи се во износ од 21.972.144 денари.

Советниците на денешната Седница го усвоија и годишниот план за вработување на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево за 2022 година; донесоа одлука за давање согласност за утврдување на почетокот и крајот на работното време во градинката, согласно која, и во двата објекти градинката започнува со работа во 5 часот наутро, а завршува во 18,00ч.

Исто така,  се усвои и Одлуката за давање согласност на Правилникот за утврдување на цените на услугите што ги дава ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево за износот и надоместокот на трошоците за престој на деца во установата што паѓаат на товар на родителите;

На денешната Седница, беше донесена и Одлука за ослободување од плаќање надоместок за уредување градежно земјиште за добивање решение for build на отворено спортско игралиште – Скејт парк in Delchevo;

Пред советниците беа презентирани и годишните извештаи за 2020/2021, како и програмите за работа на двете основни училишта за учебната 2021/2022.

0Shares
0
Font size
Contrast