Ученици од земјоделски училишта од РСМ, Хрватска и Грција во посета на Општина Делчево

  • News

Традиционалното производство на сирење, неговите специфики и поддршката од Локалната самоуправа, како и програмите од државата за поддршка на млекопроизводителите беа тема на средбата на градоначалникот Горан Трајковски со претставници од земјоделски училишта од земјава, Хрватска и Грција.

Средбата е дел од проектот „Избери сирење“ како дел од Еразмус плус-програмата кој Ветеринарната станица „Здравје“ од Делчево го реализира во партнерство со Средното земјоделско училиште од Крижевци, Р.Хрватска и клубот на дегустатори од Епир, Грција.

Целта на посетата на Делчево е да се запознаат учениците од средните земјоделски училишта од Кавадарци, Скопје и Крижевци, Р Хрватска со класичниот начин на производство на сирење во Пијанец и да го подигнат своето знаење за оваа проблематика.

Во рамките на проектот учениците ја посетија и Делчевската млекарница и фармата за крави на „Рудине“, а ќе посетат и индивидуални сточари и мали млекарници во Делчево и Берово.

По серијата обуки во Македонија, Хрватска и Грција, ќе биде изготвен and прирачник за гастрономија за „Готвење со сирење“ и негова употреба како гастрономска понуда на сирењето и неговите производи во широката мрежа на угостителство и туризам.

Shares