Се гради новиот водoвод во с. Ѕвегор

  • News

Интензивно се работи на изградба на новиот водовод во с. Ѕвегор, како дел од втората фаза од реализацијата на големиот проект за Водоснабдување на Делчево. Увид во текот на работите изврши градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, кој истакна дека со овој проект во с. Ѕвегор комплетно се заменува постоечката водоводна мрежа со нова.

-Конкретно во селото Ѕвегор-старата водоводна мрежа градена пред половина век од самите жителите и која не одговараше на стандардите и не ги задоволуваше потребите на жителите, посебно во летниот период, добива нов водоводен систем.  Ако првичната мрежа е изведена од азбест цементни цевки сега мрежата се гради со полиетиленски цевки. Овој проект има една основна цел, а тоа е yes are подобри водоснабдувањето во селото, преку комплетна реконструкција на мрежата со која ќе се исполнат сите технички прописи, ќе се овозможи лесно одржување и квалитетна услуга на корисниците, said Trajkovski.

Работите ги изведува фирмата „Бауер БГ“ , а по завршување на работите во Ѕвегор ќе започне изградба на новиот водоводен систем во с. Габрово.

Втората фаза од проектот „Водоснабдување на Делчево“, е финансиран од Министерството за животна средина во висина од 1, 3 милиони швајцарски франци. Вкупниот проект „Водоснабдување на Делчево“ е во износ од 7, 3 милиони швајц.франци од кои 6 милиони се донација од Швјацарската конфедерација, а 30.000 швајцарски франци контрибуција на Општина Делчево.

0Shares
0
Font size
Contrast