Асфалтирани улици во населба Стрелиште

За прв пат асфалт добија трите крака од улицата „Голем рид“ во населбата Стрелиште во Делчево со што се одговори на барањata и потребите на жителите од оваа населба кои со децении газеа кал и дишеа прашина.

Инвестицијата за изградба на оваа улица е на Општина Делчево и во рамките на пакетот инфраструктурни проекти за изградба на улици во Делчево и селските средини во износ од 9 милиони денари.

0Shares
0