Донесен Буџетот на Општина Делчево за 2022 година

  • News

На Третата седница на Советот на Општина Делчево, мнозинството советници го усвоија Буџетот на Општина Делчево за 2022 година кој е во висина од 286.088.378  денари и Oсновен буџет од 97.117.000 ден. Капиталните расходи во вкупниот Буџет се планирани во износ од 51.594.000 денари, додека тековно- оперативните расходи се планирани во износ од 234.494.378 ден. Во The basic budget капиталните расходи  се планирани во износ од  40.424.000 денари,  or  41,6%, додека тековно -оперативните расходи се планирани на износ од 56.693.000 ден. или 58,3%.

Како што истакна градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, согласно со финансиските параметри, Буџетот за 2022 го квалификуваме како развоен буџет, бидејќи најголем дел од проектираните средства се расходи наменети за капитални проекти, неопходни инвестиции во инфраструктурата како услов за раст и развој на општината Буџетот за 2022 година е одговор на предизвиците што претстојат, но е и во насока на реализација на приоритетите за следната година.

– Овде не се ставени средствата кои ги добиваме по договор од агенции, министерства, БРР, плански региони, централна власт, други фондови.Тоа се средства за кои имаме потпишано договори со коишто, исто така, ќе се градат капитални објекти во 2022 и ќе се инвестираат над 160 милиони денари.  Со што имаме повеќекратна додадена вредност на капиталните инвестиции во 2022год. Планираните капитални расходи во најголем дел се однесуваат за изготвување на проекти, изградба и реконструкција на улици и патишта и тоа како во урбаниот, така и во руралниот дел на општината. Во 2022 година за изградба на улици и патишта се предвидени 7.000.000 денари, за реконструкција 5.884.000 ден. Исто така, планирани се средства за експропријација во износ од 1.500.000 денари. Планирани се средства во Основниот буџет во  износ од  5.000.000 ден.за набавка на камион-дигалка, кој ќе служи за потребите на градот. За изработка на проекти за улица и патишта и др. проекти планирани се 2,8 милиони ден, потенцираше Трајковски.

Во текот на 2022 година од средства од централната власт и други фондови ќе се реализираат: Изградба на нов водовод во с. Ѕвегор и с. Габрово, изградба на скејт- парк , промена на азбестни цевки во нас. Милково Брдо, Ново Делчево и потисен цевковод во Трети реон. Обезбедени се средства за изградба и опремување на нова детска градинка во нас. Расадник, изградба на крак од ул. „Илинденска“ , за дореализација на изградбата на градскиот пазар, рехабилитација на полски пат во с.Вирче.

Трајковски додаде дека Буџетот на Општина Делчево е проектиран да обезбеди високо ниво на реализација на капиталните инвестиции во делот на патната и комуналната инфраструктура.

-Развојната компонента ни дава очекување за економски раст во општината во 2022 година, бидејќи капиталните проекти очекувано се зголемуваат и по број и по квалитет. Клучни капитални проекти на кој ќе посветиме големо внимание е изградбата на градскиот пазар, но и максимална посветеност во сите сегменти за реализација на втората фаза-инфраструктурен дел од проектот на филтер -станицата за чиста вода за пиење, како најважни сегменти за подобрување и зголемување на квалитетот на животот на граѓаните на Општина Делчево, рече Трајковски.

За претседателот Гоце Попов, капиталните расходи значат зголемена потрошувачка, но во инфраструктура и проекти кои ќе имаат финансиска оправданост и ќе стимулираат раст и развој. Буџетот треба да се стреми да има поголема ставка на капитални расхооди. Но, потенцираше дека мора во иднина да се стимулираат повеќе младите и иновативните идеи изразени преку дигиталните системи кои се иднината и носат подобар квалитет на животот.

0Shares
0