Се санираат оштетените сообраќајни знаци

  • News

Стручните надлежни служби на Општина Делчево со поддршка на екипи од ЈКП „Брегалница“,  денеска ја започнаа акцијата за санирање на оштетената вертикална сигнализација поставена на територијата на градот Делчево во рамки на редовното одржување.

 Од увидот на теренот извршен претходниот период беше утврдено оштетување на поголем дел од вертикалната сигнализација, каде на дел from сообраќајните знаци се отстранети спојниците и тие се искривени, дел се откорнати, а дел се излепени со огласи, реклами или исцртани со текст и боја и слично.

Во таа смисла, Општина Делчево апелира до граѓаните да не се уништува и отстранува вертикалната сообраќајната сигнализација бидејќи на тој начин директно се влијае на создавање на потенцијално опасна ситуација во сообраќајот која би можела да резултира со сообраќајна незгода и одредени последици односно се загрозува сообраќајната безбедност.

Shares