Проект за одржливо управување со електронски отпад

  • News

Во периодот од февруари 2022 до aвгуст 2023 година во Делчево ќе се спроведува Проектот „Одржливо управување со електронски отпад – сервис за поправка и правилно одлагање на ОЕЕО во микрорегионот Пијанец-Малеш“. Проектот ќе биде реализиран од страна на Здружението Регионален центар за застапување“ од Делчево, во соработка со Општина Делчево, Здружениеthat „Амброзија“ Пехчево и Здружениеthat „Здравец 2002“ Македонска Каменица.

Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) и Здружението Регионален центар за застапување“ од Делчево and is со вкупен буџет од 55.396 долари, од кои 31.000 долари се обезбедени од страна на Глобалниот eколошки фонд (ГЕФ ПМГ), додека остатокот е обезбеден со учество на Здружението Регионален центар за застапување“ од Делчево, Општина Делчево, Здружениеthat „Амброзија“ Пехчево and Здружениеthat „Здравец 2002“ Македонска Каменица.

Конкретна цел на проектот е промовирање одржливо и совесно управување со ОЕЕО отпад и промоција на кружнаand економија, а во главниte проектни активности е предвидена кампања за поправка на материјали од ОЕЕО и промоција на проектните активности, организирање и опремување простор со опрема за поправка на стара ИТ опрема, бела техника и мобилни телефони, јакнење на капацитетите на претставници на граѓанскиот сектор и менторство и обука на шест млади заинтересирани за справување со ОЕЕО отпад.

ГЕФ обединува 183 земји во партнерство со меѓународни институции, невладини организации и приватен сектор со цел да се адресираат глобалните еколошки проблеми истовремено поддржувајќи национални одржливи развојни иницијативи. Денеска ГЕФ е најголем финансиер на проекти кои ја подобруваат животната средина. Како независна финансиска организација, обезбедува грантови за проекти од областите на биолошка разновидност, климатските промени, меѓународни води, деградација на земјиштето, озонската обвивка и хемикалии/неразградливите органски загадувачи.

Shares