ТАНЕЦ вечерва во Делчево

  • News

Во чест на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, ансамблот „Танец“ со концертот во Делчево кој ќе се одржи вечерва во киносалата со почеток од 20 ч., ќе ја започне новата сезона. Концептот е наречен „Изворни минијатури“ и  ќе ја следи целата пролетна концертна серија низ државата.

Во овој циклус посветен на изворите, Танец" ќе изведува програма конципирана од фрагменти, односно автентични фолклорни творби врз кои се темелат познатите кореографии на Ансамблот (песни и ора како Адана, Тоска, Трченица, Ситното, и неизоставно формите кои се заштитени во УНЕСКО, како пијанечкото оро Копачка" и машкото двогласно пеење од Долни Полог). Со голем број концерти кои се дел од неколку различни концепти – од изворни фолклорни творби до современи етнофузии, и во ова време-невреме, како и низ целиот период од 73 години од своето постоење, „Танец“ ќе се обиде да остави длабок печат на оваа временска отсечка од македонското културно битисување.

Концертот е во организација на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ и, воедно, со овој концерт започнува и годинешната богата културна понуда на делчевскиот Центар за култура.

Shares