ВО ТППЕ Делчево пристигна и втората противпожарна скала за високи објекти

  • News

Се подобрува опременоста на делчевските пожарникари за справување со пожари на високи објекти и во урбана средина. Денеска од Швајцарија пристигна и втората професионална скала за противпожарни интервенции на високи објекти за потребите на ТППЕ Делчево со што се закружува вкупната донација од Противпожарното друштво од Шерне –Швајцарија која се состои од две скали за гасење пожари високи по 22 метри и моторна пумпа со голема моќност за испуштање вода при поплави со што значително се подобрува опременоста на делчевските пожарникари. 

Градоначалникот Трајковски изрази благодарност за поддршката од нашите пријатели од Швајцарија и посочи дека ТТПЕ-Делчево за прв пат добива ваков вид опрема која е во насока на подобрување на ефикасноста на работењето на пожарникарите, посебно при интервенции на високи објекти.

Инаку, ова е втора странска донација за Територијалната противпожарна единица од Делчево. Претходно делчевските пожарникари добија две противпожарни возила –донација од Доброволното противпожарно друштво на словенечкиот град Чрномељ.

Shares