Осуда за вандализмот врз споменикот на Никола Јонков Вапцаров

  • News

Општина Делчево изразува осуда и згрозеност од последниот вандалски чин кој се случи за време на викендот во ноќните часови врз споменикот на Никола Јонков Вапцаров, а кој ги преминува сите граници на несовесно однесување. Бистата на Вапцаров утринава со помош на механизација е вратена на своето место, но останува срамниот чин на група млади кои уште еднаш покажаа дека не само што немаат почит, ниту срам, туку  и, воопшто, не се грижат за сочувување на културното и историското наследство и со деструктивно однесување можат да предизвикаат штети од невидени размери.    

Споменикот на Никола Јонков Вапцаров кој е патрон на Центарот за култура во Делчево, со децении гордо стои пред Спомен-домот  АСНОМ и досега не се бележи ваков вандалски чин.

Имајќи ги предвид и последните оштетувања на оградата на пешачкиот мост „Гоце Делчев“, Општина Делчево уште еднаш испраќа апел до граѓаните да го чуваат општинскиот имот и потсетуваat дека согласно со актуелните законски одредби, забрането е уништување урбана и друга опрема, за што е предвидена мандатна казна за сторителите.

Shares