Доделени хуманитарни пакети по повод велигденски и рамазанските празници

  • News

Општина Делчево заедно со компанијата „Зегин“ денеска ја реализираа традиционалната хуманитарна акција при што беа поделени 40 пакети со храна.

Пакетите беа дистрибуирани во ОО на Здружението на пезнионерите во Делчево, црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево, како и до Џамискиот одбор на градската џамија „Султан Мехмед Фатих ıı“, каде одговорните лица ќе ги распределат пакетите до своите верници на кои оваа помош им е непоходна и добредојдена.

Целта на хуманитарната акција е да се обезбеди побогата празнична трпеза и да се помогне на семејствата достоинствено да ги прослават празниците и да се покаже на дело дека никој не е заборавен.

Хуманоста е широк поим што значи да се помага секогаш и во секој момент кому било и на кој било начин, без оглед на верска, етничка и национална припадност.

Shares