Одбележан денот на пожарникарите

  • News

По повод Денот на пожарникарите, 20 Мај, денеска градоначалникот на Општина Делчево ја посети ТППЕ Делчево. На средбата со пожарникарите, градоначалникот Трајковски честитајќи им го Денот на пожарникарите, изрази задоволство од професионалноста, нивната експедитивност, ефикасност и пожртвуваност.

Овој ден кој е посветен на пожарникарите е одличен повод, јавно да се заблагодарам за професионализмот и одговорноста на делчевските пожарникари. Секогаш први во заштитата на граѓаните и нивниот имот и во овој кризен период, покажаа дека се на висината на својата задача. Како градоначалник изминатиов период вложував напори и инвестиравме во подобрување на условите за нивниот работен престој во единицата. Заложбите за подобрување на техничката опременост на единицата остануваат и понатаму мои приоритетиsaid Trajkovski.

Традиционално по повод Денот на пожарникарите, Трајковски ја додели и наградата за најдобар пожарникар. Годинава на предлог на пожарникарите  за најдобар пожарникар е прогласен Oрце Тодоровски пожарникар кој има над 15 години работен стаж.

Денот на пожарникарите 20 Мај е ден на пожарникарството во Република North Macedonia. На овој ден во 1836 година во Битола е формиран првиот противпожарен одред. Во светски рамки денот на пожарникарите се слави на 4 мај во сеќавање на пожарникарите кои го изгубиле животот во борба со огнената стихија.

Shares