Се санираат штетите на магистралниот пат А3 пред Делчево

  • News

Во Делчево од утрово екипи на „Македонија пат“ ги санираат штетите на магистралата А3 кај месноста Црквенска Река.

На терен е директорот на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта,  Костадин Ацевски кој информираше дека во текот на денешниот ден штетата ќе биде санирана, а најдоцна до понеделник патот ќе биде вратен во употреба.

Веднаш по штетите кои настанаа на магистралата А3 што го поврзува Делчево со Македонска Каменица екипи на на ЈП работат на санација на штетите на патот кои се настанати од надојдената вода. Патот денеска ќе биде саниран и по извршување на целосното санирање, веќе понеделник очекуваме да биде пуштен во употреба“, истакна Ацевски.

Ацевски нагласи дека поради невремето сè уште има одрони на останатиот дел од магистралата и патот кој води од Делчево кон Македонска Каменица кои благовремено се санираат.

Има одрони кои ги решаваме тековно, големите одрони беа решени. Екипите постојано се на терен и работат на решавање на последиците“, додаде Ацевски.

Тој напомена дека до целосна санација, сообраќајот од Делчево кон Скопје за сите видови возил се одвива преку регионалниот пат Берово – Виница.

Shares