Се градат улици и паркинг на новиот градски пазар

Започнаа градежните работи за изградба на паркинг и улици на локацијата на новиот градски пазар. Согласно со проектот предвиден во Развојната програма на Општина Делчево за оваа 2023 година, ќе се изградат 3.500 м2 паркинг и улица 6.1 , со цел кружно сообраќајно поврзување. Вредноста на работите е околу 5 милиони денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево. Работите ги изведува ОСД КИРИЛ, а изградбата треба да заврши за еден месец.

Со овие градежни зафати, комплетно се решава инфраструктурата и сообраќајната комуникација на новиот градски пазар. Претходно, на оваа локација се изгради и новата улица 3 која го поврзува пазарот со улицата кај пешачкиот мост и детската градинка и овозможува современ сообраќаен пристап со потребните такси и автобуски стојалишта.

Новиот градски пазар за своите продавачи и купувачи ќе ги отвори вратите утре, сабота 24 јуни.

Shares