ЈАВЕН ПОВИК за пријавување учесници во манифестацијата „Пијанечки денови на сливата 2023“ 

Општина Делчево и НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ објавуваат 

PUBLIC CALL

за пријавување учесници во манифестацијата

Пијанечки денови на сливата 2023“ 

Општина Делчево и НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ во соработка со локалните институции традиционално ја организира манифестацијата „Пијанечки денови на сливата 2023“.

Манифестацијата ќе се одржи на 29.09.2023 година пред Спомен- домот АСНОМ.со почеток во 12 ч.

Во рамки на централниот настан е предвидено:

1.Натпревар во печење ракија под мотото „Мојата сливова ракија е највесела“

2.Подготовка на мармалад, слатко и компот од слива

3.Подготовка на бели пецива со производи од слива

  1. Декорирање штанд.

Подготовката на ракија, мармалад и слатко, како и декорирањето на штандот ќе има натпреварувачки карактер, а додека другите активности се ревијални.

Општина Делчево ги повикува сите заинтересирани индивидуални земјоделци, физички и правни лица да се пријават како учесници во активностите.

НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ и Општина Делчево за сите пријавени учесници ќе обезбедат:

  1. Други потрошни материјали како дрва, шеќер, брашно и сл.
  2. Тезга за изложување и продажба на своите производи
  3. Промотивни материјали за учесниците
  4. Две награди за највесела ракија (прва награда во износ од 8.000 ден, втора награда од 6.000 денари), награда за најсладок мармалад/слатко во износ од 3.000 денари и награда за најубаво уреден штанд во износ од 3.000 ден.

Рок на пријавување е до 28.09.2023 година. Пријавувањето се врши со пополнување и поднесување Пријава во НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“.

Лице за контакт од НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“- Методи Толевски, тел. 070966604

e-mail: centarzakultura@yahoo.com

Пријавите може да се симнат од веб- страницата на Општина Делчево или да се подигнат во НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“.

Shares