Совет на Општина Делчево: Усвоен Ребалансот на Буџетот на Општина Делчево за 2023

Советот на Општина Делчево го одржа продолжението на 28 Седница на која беше усвоен Ребалансот на Буџетот на Општина Делчево за 2023 година. Со Одлуката за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Делчево за 2023 година, извршено е зголемување  на Буџетот за 33.823.422  и вкупниот буџет ќе изнесува 352.121.715 денари. Вкупните приходи во Основниот буџет се зголемени за 24.751.582 денари или 24% и изнесуваат 126.845.582 денари. Зголемувањето на Буџетот произлегува од зголемување на даноциte на специфични услуги, односно комуналиите, приходите од ДДВ и трансфериte од другиte нивоа на власт.

 In Буџетот на самофинансирачки активности има незначително зголемување за 34.000 ден. и изнесува 12.824.000 ден. Во Буџетот на дотации зголемувањето е за 6.704.160 ден. и изнесува 206.079.740 ден. кај Буџетот на донации има зголемување за 2.333.680 ден. и изнесува 6.372.393 ден. Билансот на расходите изнесува 352.121.715  денари. Билансот на расходите во Основниот буџет се зголемува за 33.823.422 денари, исто, како и во билансот на приходи и изнесува 126.845.582 денари.

Во расходниот дел има зголемување во делот на платите и надоместоци од плати, во износ од 3.764.100.  Во делот на стоки и услуги износот се зголемува за  2.255.213 денари. Исто така, има поголемо зголемување на каматите за 687.000 ден, како и зголемување во група 47 (новороденчиња и еднократна помош за 50.000 денари. In капиталниte расходи има зголемување за 17.891.269 ден.

Shares