Распишан Јавен повик за избор на нови членови на Локалното собрание на млади

  • News

Општина Делчево ја започна постапката за новиот состав на Локалниот совет на млади кое е советодавно и претставничко тело за младински прашања и политики и го поттикнува младинскиот активизам.

За таа цел, Локалното собрание на млади при Општина Делчево распиша Јавен повик за избор на нови членови на Локално собрание на млади од 15 до 29 години. Повикот е отворен за сите младински организации, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ги исполнουν критериумите предвидени во повикот и ќе достават навремена и комплетна документација. Мандатот на членовите на Локалното собрание на млади е 2 години со право на уште еден избор. Собранието по конституирањето ќе донесе Одлука за распишување повик за формирање Локален младински совет на Општината и ќе избeре членови на Локалниот младински совет по пат на непосредни избори со тајно гласање.

Претставниците на Локалниот младински совет, како советодавно и претставничко тело за младински прашања и политики ќе имаат право да:

– предлагаат точки на дневен ред на Советот на Општина Делчево,

-иницираат, учествуваат и даваат повратни информации за процесот на локална младинска стратегија и други политики,

– доставуваат информации до Општина Делчево за прашања кои се однесуваат на младите и

– вршат други советодавни и застапувачки работи во согласност со законот за младинско учество и младински политики.

ЈАВЕН ПОВИК за формирање Локално собрание на млади на Општина Делчево

Shares