Зголемен бројот на општински стипендии за средношколци

Советниците на денешната 32 Седница едногласно донесоа Одлука за зголемување на бројот на општинските стипендии за одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ кои постигнале особено висок успех во образованието. Согласно оваа Одлука, бројот на стипендии во категоријата одлични ученици со особено висок успех се зголемува од 8 стипендии на 16. Одлуката е резултат на неискористените средства од категоријата општински стипендии за студнети кои по објавениот повик и согласно доставените апликации од заинтересираните студенти кои студираат на државните факултети, останаа нераспределени средства.

На денешната Седница, советниците донесоа и одлуки од областа на урбанистичкото планирање.  

Shares