Делчево ќе биде првата општина каде ќе се спроведува иновативен пилот-проект за стари лица

  • News

Во Делчево ќе се реализира проект кој на иновативен и паметен начин користејќи ја напредната технологија ќе испорачува социјално-здравствени услуги со што Делчево се запишува како една од двете општини во Западен Балкан и прва општина во земјава, каде ќе се спроведува пилот- проект поврзан со телемедицината.

Носител на проектот е Општина Делчево, а реализацијата е помогната од Мрежата на асоцијации на локални самоуправи НАЛАС, заедно со КДЗ, (Истражувачки центар за јавна администрација) од Австрија за и со финансиска поддршка од Австриската агенција за развој. Целта на проектот е да се поттикнат општините за  имплементација на дигитални и иновативни решенија за да се овозможат поквалитетни услуги на граѓаните, да се зајакант админситративните капацитети на општините, за да можат со смарт/ паметен начин да ги изврашуваат своите функции.

За реализација на овој проект, Општина Делчево организира презентација на која ги повика сите предвидени чинители. Во присуство на дел од матичните лекари во Делчево, претставници од ОО на Црвениот крст Делчево и ХЗД „Бравура кооператива“, како испорачувачи на социјални услуги,  се одржа презентација на иновативното решение и на дел од опремата наменета за далечинско следење на витални параметри кај претежно стари и изнемоштени лица  кои живеат во оддалечени и рурални средини. Како што истакна Јана Белчева-Андреевска, претставник од НАЛАС, Општината е носител на проектот, а преку проектот ќе се обезбедат уредите кои ќе бидат дистрибуирани до оние граѓани на кои овие уреди им се потребни за да може услугата, односно грижата за нив, да биде обезбедена на поефикасен начин.

– Да ги искористиме можностите на технолошкиот прогрес, за луѓето да добијат подобра грижа, а нивната здравствена состојба да се следи и да им се помага. Се надевам дека ова што сега ќе го имплементира Општина Делчево со наша помош, ќе има ефект на мултипликација на вакви решенија и во други општини, не само во Македонија, туку и пошироко на Западен Балкан, бидејќи телемедицината е еден од елементита за подобра здравствена заштита особено во држави, како кај нас, каде се соочуваме со предизвици за покривање здравствени услуги во руралните подрачја, порача Белчева-Андреевска.

Опремата која ќе се користи е сертифицирана од надлежни органи, а ќе биде мониторинг станица што на одреден временски период ќе ја добие возрасно лице.Виталните параметри ќе ги прикажува графички и нумерички во реално времена централната станица монтирана кај матичен лекар. Давателите на социјални услуги ќе ги пренесуваат уредите кон нови лица, а кај оние каде има утврдена потреба од терапија утврдена од доктор, ќе им ја испорачуваат во домот.

Проектот ќе се реализира во текот на 2024 година при што се очекува да бидат опфатени голем број пациенти од општината, со предност која ќе им се даде на стари и изнемоштени лица од руралните области.

Shares