Промовирана новата Стратегија на Општина Делчево за соработка со граѓански организации

  • News

Во рамки на проектот „Силни организации за одржлив локален развој“, Регионалниот центар за застапување – Делчево ги презентираше проектните резултати од неговата осуммесечна имплементација. На настанот се зборуваше за значењето на граѓанскиот сектор во развојот на локалната заедница, како клучна цел на овој проект.  Клучен продукт од овој проект е новата Стратегија за соработка на граѓанскиот сектор со Општина Делчево за периодот 2024-2028 година, како стратешки документ што реално ги отсликува клучните области, каде граѓаните имаат потреба од најголем развој.

Родне Деолска од РЦЗ истакна дека овој документ ќе биде основа за развој и соработка со локалните чинители во периодот што следува.

 Во рамки на проектот, креирано е промотивно видео и снимени се два поткаста за подигање на јавната свест за вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки на локално ниво. Граѓанските организации се огледало на граѓанските потреби и проблеми. Граѓаните треба да знаат дека преку нив, имаат можност да споделат барања, проблеми, потреби, а организациите треба да се тука, да ги застапуваат и да помогнат во нивно решавање пред институциите, истакна Деолска.
Shares