Започна реконструкција на улицата Благој Стоименов

  • News
Започна целосна реконструкција на улицата Благој Стоименов. Пред оваа активност, на истата улица беше изграден нов водоводен систем, со што обезбедивме квалитетна подземна инфраструктура.
Со реализацијата на овие зафати, на жителите им овозможуваме подобри услови за живеење и побезбедно одвивање на сообраќајот.
Овој проект е дел од пошироката програма на Општината за подобрување на локалната инфраструктура, со која чекор по чекор создаваме поквалитетни услови за сите граѓани и современ урбан изглед на нашиот град.
Средствата се обезбедени од буџетот на општина Делчево, изведувач на работите е фирмата “Атеа”.
Shares