Во насока на анимирање на граѓаните за активно учество во креирање на Буџетот на Општина Делчево за 2026 година, од денеска на општинската веб-страница delcevo.gov.mk, е активен анкетен прашалник за собирање предлози од граѓаните на Општина Делчево за општинскиот Буџет за наредната година.
Целта на овој анкетен прашалник е поттикнување на граѓанското учество во процесот на креирање на Буџетот на Општината, како предвидување средства во согласност со потребите на граѓаните. Прашалникот можете да го пополните на следниот LINK, а со негово пополнување директно учествувате во креирање на приоритетите и Буџетот на Општина Делчево за 2026.
Исто така, ја информираме јавноста дека Општина Делчево ги започна подготовките за организација на буџетскиот форум кој ќе се одржи во средината на месецот ноември, а за датумот, јавноста ќе биде дополнително информирана.
Воедно, деновиве ќе бидат дистрибуирани и прашалници до месните и урбаните заедници во Општина Делчево.



