Силата на една жена – Трибина во чест на Розовиот октомври

  • News

Со доделување на наградите од конкурсот „Силата на една жена“ на која твореа ученици од СОУ „М.М.Брицо“ се заокружија активностите по повод Розовиот месец-октомври-посветен на борбата со карциномот на дојка, но и да се  подигне свеста кај младите за значењето и поддршката што ја заслужува секоја жена која се соочува со оваа болест.

На настанот кој беше организиран од ЈЛБ „Илинден“, Ученичката заедница во СОУ „М.М.Брицо“, а со поддршка на ЈЗУ Здравствен дом „Гоце Делчев“ и Општина Делчево, учествуваа и жени кои се избориле со оваа болест или сè уште ја водат таа битка, како и претставници од граѓанскиот сектор.

Градоначалникот Иван Гоцевски кој зеде активно учество на трибината го потенцираше настанот како значаен за подигање на свеста кај жените за превентивни прегледи, бидејќи превенцијата е најдобар лек во борбата со оваа болест.

– Пред сè, како одговорен човек, а потоа како градоначалник и сакајќи да бидам вклучен во сите активности и потреби на моите сограѓани, посебно на една ваква важна тема-сакам да ја запознам јавноста дека Општина Делчево ќе работи посветено на темата здравствена едукација, не само на жените туку и на мажите, нешто што ќе се предвиди и во Годишната програма за еднакви можности на жените и мажите- со низа активности, а исто така, најавувам дека на Првата седница на Советот што ќе се одржи наскоро, ќе се формира и Комисијата за еднакви можности како тело задолжено да работи и да создава услови за инклузивно, современо и демократско општество. Воедно, како градоначалник, испраќам апел до претставничките на Здравствениот дом од Делчево, да ја стават во функција целата инфраструктура и човечките здравствени ресурси за полесен пристап на пациентките до превентивни прегледи за карцином на дојка во Делчево, а исто така, апелирам, во соработка со граѓанскиот сектор, да се организира центар за психолошка поддршка на жените, бидејќи тоа е период кога жените се најранливи и кога мора како одговорна општина да помогнеме сите заедно, да се победи оваа болест, истакна Гоцевски.

Од стручен аспект на темата говореа доктор Билјана Ѓеоргиевска – психијатар и доктор Адријана Илиевска Велковски, ренeгенолог, а свое искуство во борбата со болеста споделија неколку силни жени.

Директорката на ЈЛБ „Илинден“ Билјана Петровска истакна дека целта на настанот е yes are оддаде признание на сите жени кои се во оваа борба и кои оствme too зад себе светол пример.

Вие сте нашата инспирација. Вие сте нашата порака дека животот вреди да се живее, дека љубовта лекува, дека верата чуда создава. Вашата приказна не е приказна за болест, таа е приказна за победа, за човечност и непокорност, нагласи Петровска.

Инаку, Комисијата за избор по конкурсот ги награди следните ученички: Првото место го освои Сара Ангелова; Второ место за Сара Тодоровска; Третоthat место ѝ припадна на Ана Мавродиева.

Shares