Извршена дератизација на градската канализација

  • News
Денеска во Делчево беше извршена дератизација на градската канализациска мрежа и градската депонија. Дератизацијата ја вршеа стручни екипи од ЈЗУ Центар за јавно здравје, Кочани, ПЕ Делчево во соработка со претставници од ЈКП „Брегалница“ и овластени лица од Одделението за инспекциски надзор при Општина Делчево.

 Според предвидените параметри, за успешно справување со овој тип преносители на заразни заболувања, третирани се над 80 канализациски шахти и градската депонија со 35 кг. средство „Бродисан“ во вид на гранули и коцки за неутрализирање на преносителите, глувци и други глодари кои се потенцијални преностители на вектор заразни заболувања.

Оваа мерка е согласно со Програмата за заштита на населението од заразни и други заболувања и се спроведува редовно, најмалку еднаш годишно на територијата на градот Делчево. Главна цел на дератизацијата е да се намали популацијата на глодарите кои, освен што се преносители на заразни болести, во потрагата по храна можат да предизвикаат оштетувања на разни видови инсталации, како телекомуникациски, водоводни, но и штети во домовите.

Shares