
Проектите од областа на инфраструктурата, подобрување на условите за живот, развојот на туризмот и максималното искористување на фондовите за рамномерен регионален развој кои треба да водат до забрзан и одржлив развој на ИПР, беа теми на денешната работна средба која се одржа во Делчево, на градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски и директорот на Центарот за развој на ИПР, Трајко Здравков.
Градоначалникот Гоцевски изразувајќи задоволство од конструктивната средба посочи дека посебен акцент на средбата беше ставен на реализацијата на проектите од областа на инфраструктурата во насока на обезбедување подобар живот и иднина на граѓаните.
– Првата работна средба ја искористивме за да разговараме за унапредување на соработката меѓу Општина Делчево и Центарот, поблиску да се запознаеме со актуелните и планираните проекти за 2026 г на Центарот, но и со фондовите кои ќе бидат на располагање на општините наредниот период. Воедно, како градоначалник на Делчево ги истакнав приоритете за развој на Делчево кои планираме да ги реализираме наредниот период, нагласи Гоцевски.
Директорот Здравков посочи дека на крајот на овој месец ќе се одржи Конститутивна седница на новиот Совет на ИПР
-Со новите градоначалници членови на Советот заедно ќе креираме една програма која треба да генерира развој на сите општини во Источниот регион. Делчево е еден од нашите приоритети во наредната програма да реализираме проект во оваа општина, каде бенефит ќе имаат сите граѓани, посочи Здравков.





