Завршија градежните работи за санација на регионалниот пат кон с. Габрово. Во должина од околу 2,2 км се изврши целосна санација се постави нов асфалт на коловозот со што се реши долгогодишбниот проблем поврзан со патната инфраструктура на жителите од селото Габрово.
Проектот се реализираше со финансиска поддршка од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), а вкупната вредност на инвестицијата изнесува 22 милиони денари, при што се поставени 12.500 м² нов асфалт
Ова е пат кој секојдневно го користат жителите на Габрово и околните села, и неговата санација значително го подобрува квалитетот на живот и комуникацијата со центарот на општината.
Изведувач на работите е ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, а средствата се обезбедени преку ЈПДП.
Градоначалникот Иван Гоцевски изрази искрена благодарност до директорот на ЈПДП, г. Коце Трајановски, за поддршката, разбирањето и соработката во реализацијата на овој значаен проект за Делчево и нагласи дека ќе се работи максимално посветено со цел Делчево да добие безбедна патна инфраструктура.
Views: 213