
Dear citizens,
Општина Делчево ве кани на Првата форумска сесија за креирање на Буџетот за 2026 г. која ќе се одржи на 13.11.2025 (четврток) во мултифункционлниот центар во Спомен- дом АСНОМ, со почеток во 12.00 часот.
Вашето учество на Буџетскиот форум е од исклучително значење, бидејќи вие како активни чинители во нашата Oпштина, треба и активно да придонесете во креирањето на Буџетот на Општина Делчево.
На форумската сесија ќе можете да се запознаете и да дискутирате за реализацијата на Буџетот на Општина Делчево за тековната 2025, но и да давате предлози за планирање на Буџетот за следната, 2026 година.
Воедно, ќе имате можност да предлагате, да дискутирате и да одлучувате кои се вашите приоритети за решавање во 2026 година со што директно учествувате во креирањето на Буџетот на Општина Делчево за наредната година со што ќе придонесете за подобар развој на Општината.
Како одговорен градоначалник и одговорна Општина, ние го слушаме вашиот глас и постапуваме за да ги реализираме вашите приоритети.
Нашата цел е единствена-задоволни граѓани во урбана и модерна општина.
ДНЕВЕН РЕД ЗА ПРВА ФОРУМСКА СЕСИЈА
13.11.2025 (четврток)
12:00-12:15 Добредојде на присутните и вовед во програмата
12:15-12:25 Воведно обраќање од Градоначалникот Иван Гоцевски
12:25-12:45 Презентација на буџетскиот форумски процес
12:45-13:10 Презентација · Процес на буџетирaње · Структура на Буџетот на Општина Делчево и преглед на реализацијата на Буџетот за 2025 (заклучно со трет квартал) и планови за 2025 година
13:10-13:30 Утврдување структура на Форумот/распределување по работни маси Утврдување начела за работа
13:30-13:45 Пауза
13:45-14:00 – Презентација на реализација на инфраструктурните проекти за 2025 г и планирани проекти за 2026 г. на Општина Делчево
14.00- 14,15 – Приоритетите за развој на Општината за 2026 год. за програмите култура, спорт, образование и граѓански сектор ,- Презентација од Општина Делчево.
14:15- 15:00 Следни чекори (одредување на термин за следна сесија) и оценка на форумската сесија.
With respect,
Municipality of Delchevo
Mayor
Иван Гоцевски



