Унапредување на соработката на Општина Делчево и управните служби на МВР

  • News

Во Општина Делчево денеска се одржа работна средба на градоначалникот Иван Гоцевски и помошник-министерот во МВР, Јован Алтанџиев. На средбата посебен акцент беше ставен на унапредување на соработката меѓу локалната самоуправа и МВР и подобрување на условите за работа на управните служби и квалитетот на услугите што им се нудат на граѓаните.

 Гоцевски истакна дека заеднички приоритет е граѓаните полесно и побрзо да стигнуваат до своите документи, односно зборувавме за остварување на административните права на граѓаните без долги редици и чекање.

-Во таа насока, како општина изразуваме подготвеност за заедничка реализација на активности со цел да се подобри секојдневието на граѓаните. Еден од приоритетите за кои разговаравме е реконструкцијата и санацијата на објектот, каде што се сместени управните служби во Делчево, кој е во сопственост на Општина Делчево. Овој објект е во многу лоша состојба и условите за работа на вработените се едни од најлошите во земјава. Затоа, најавувам дека ќе се преземат соодветни административни постапки, но очекувам и конструктивност од целиот Совет кој треба да донесе одлука за давање на трајно користење на овој објект на МВР. Целта е една- наредната година МВР да започне реконструкција на објектот. Изразувам благодарност до помошник-министерот Алтанџиев, но и до министерот Панче Тошковски за поддршката на Делчево и за иницијативата која значи нови можности за вработените и современи услови за работа, но и поекспедитивни и поефикасни админстративни процедури за граѓаните, истакна Гоцевски.

Помошник -министерот Алтанџиев истакна дека средбата е на иницијатива на градоначалникот и министерот на МВР, Панче Точковски, а целта е одблизу да се видат условите за работа на управните служби во Делчево, како и начинот на кој се даваат услугите на граѓаните од Делчево и М. Каменица

-Состојбата е многу лоша, вработените во Делчево имаат едни од најлошите услови за работа на Македонија. Заедно со градоначалникот постигнавме еден договор во наредниот период да се усогласиме околу начинот на реновирање на управните служби во Делчево, а може да им ветиме на граѓаните дека овие работни простории ќе бидат едни од првите кои ќе бидат реновирани во наредната 2026 г, истакна Алтанџиев.

Shares