Се одржа Првата седница на новиот Совет на Општина Делчево. Донесен Планот на програмите за развој

  • News

Советот на Општина Делчево ја одржа Првата седница на која се расправаше и се донесоа одлуки по 17 точки предложени по Дневниот ред. Советниците едногласно ја донесе  Одлуката за одобрување на Планот на програмите за развој на Општина Делчево за 2026 година.

Планот се состои од следниве програми и развојни потпрограми:

1.      Програма ЈД, Потпрограма ЈДД – Улици во СРЦ Делчево (улица 5, улица 6 и улица 8);

2.      Програма ЈД, Потпрограма ЈДЕ – Улици во населба Пролет (улица 4в,дел од ул.4б, дел од ул.3, дел од ул.5 и дел од ул.1)

3.      Програма ЈД, Потпрограма ЈДФ – Реконструкција на улица „Индустриска“

4.      Програма ЈД, Потпрограма ЈДГ – Реконструкција на дел од улица с.Звегор

5.      Програма ЈД, Потпрограма ЈДХ- Изградба на краци од улица „Драмечка“, изградба на улици во населба Басарица

6.      Програма ЈД, Потпрограма ЈДИ- Реконструкција и изградба на улици во централно градско подрачје УЕ2-дел од блок 2.2

7.      Програма ЈД, Потпрограма ЈДЈ – Изградба на дел од ул.„Видое Смилевски Бато“ (со потпорен ѕид)

8.      Програма ЈД, Потпрограма ЈДК- Реконструкција на дел од улица „Кочо Рацин“

9.      Програма РА, Потпрограма РАБ – Регулација на корито на река Брегалница во централно градско подрачје на град Делчево возводно 320 мтр.

10.  Програма РА, Потпрограма РАЦ- Фекална и атмосферска канализација во централно градско подрачје У.Г.2.2 блок 2.2

На денешната Седница беа формирани комисиите: Комисија за статут и прописи; Комисија за финансирање, буџет и ЛЕР; Комисија за урбанизам, планирање и уредување на просторот и заштита на животна средина; Комисија за комунални работи и сообраќај; Комисија за јавни дејности; Комисија за еднакви можности помеѓу мажите и жените; Комисија за спорт;

На предлог на градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, беше формиран Локален совет за превенција, како тело за координација меѓу државата и општината за добробит на заедницата и превенирање и подобрување на локалната безбедност од сите аспекти што е една од клучните цели на ова тело.

На Седницата, исто така, беше донесена и Одлука за давање на трајно користење на недвижна ствар Детска градинка во Општина Делчево на општинската јавна установа за деца-детска градинка „Весели цветови“. Исто така, се донесоа одлуки за давање на трајно користење на недвижната ствар „Градба во функција на пречистителна станица“ на ЈКП „Брегалница“ и Одлука за давање на времено користење движни ствари на ЈЗУ Здравствен дом „Гоце Делчев“ Делчево.

Shares