Низа активности за поубав и помодерен град

  • News

Во градскиот парк во населбата Ново Делчево се поставени мермерни скулптури кои придонесуваат за декорација и разубавување на паркот. Овие скулптури досега беа третирани како отпад, оставени во заборав и покриени со голема трева што не доликува на една Општина кон дела кои имаа уметничка вредност.

Градоначалникот Гоцевски нагласи дека понекогаш и малите нешта имаат голема сентиментална вредност

Тоа што можеби некој сметал дека овие уметнички скулптури немаат вредност и биле исфрлени и обраснати со трева, за нас како локална самоуправа е обврска и мотив уште посилно да се грижиме за јавните добра кои се сопственост на сите граѓани.

Со помош на нашите вработени и вработените во комуналното претпријатие овие декоративни елементи ќе го вратат својот сјај и се поставени во јавниот парк во населбата Ново Делчево. Да ги чуваме сите заедно јавните добра на јавните површини, особено во пресрет на новогодишната атмосфера и декоративните елементи кои ќе бидат поставени во наредните неколку недели, истакна Гоцевски.

Исто така, деновиве беа поставени и дополнителни светилки кои со посебен сјај ги осветлуваат двата најпрепознатливи објекти во центарот на Делчево, a се дел и од грбот на нашата општина. Пораката од оваа активност е : нашата должност ни е да ја вратиме почитта кон нашата култура и историја!Нека блескаат за поубаво и помодерно Делчево.


Shares