
Денеска во посета на Општина Делчево и на градоначалникот Иван Гоцевски престојуваа ученици од 4 –то одделение од ООУ „Св.Климент Охридски“. Целта на посетата е учениците практично да се запознаат со функцијата градоначалник,
колку оваа функција е одговорна и кои се обврските на градоначалникот. Исто така, се интересираа за надлежностите на општината, поставуваа прашања и предлози и уште еднаш потврдија дека младите сакаат да живеат во урбана и модарна општина.
Посетата на ученици на Општина Делчево и на градоначалникот, се организира во рамките на предметот општество и во соработка на Општината со образовните институции, а целта е учениците изворно да се информираат за надлежностите на општината, нејзините органи, начинот на носење одлуки и сл.




