
Во делчевската детска градинка „Весели цветови“ за учебната 2025/26 година ќе бидат примени 15 деца Роми на возарст од 3 до 6 години кои се во социјален ризик во рамките на проектот „Инклузија на деца Роми in jавните општински установи– детски градинки“. Денеска беше потпишан Договорот на настан организиран од Министерство за социјална политика, демографија и млади.
Градоначалникот Гоцевски истакна дека Општина Делчево силно се залага за еднакви можности и инклузивно општество во кое секое дете има право на квалитетно образование и грижа.
-Тргнувајќи од фактот дека раниот детски развој и раното образование се најсилната алка кои го креираат идниот развој на едно дете, верувам дека оваа инклузија на дечиња Роми во нашата детска градинка е еден чекор кон остварување на нашата цел: ниту едно дете да не биде изоставено. Благодарам за оваа поддршка од Минситерството, и ова е еден убав пример како сите заедно, институции, родители, но и заедницата-можат да создадат средина за секое дете да биде прифатено, почитувано и охрабрувано, нагласи Гоцевски.
Целта на Проектот е отстранување на постоечките бариери за пристап до предучилишни установи на деца Роми на возраст од 3 до 6 години, инклузија на децата и нивна социјализација, како и зајакнување на свеста кај нивните родители за важноста на раниот детски развој и образованието на нивните деца.



